ИЗРАЕЛ БАРА БЕРКОВИЧ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕН ОД ПОЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Пратениците ги избираат Полјаците, а не амбасадите, возврати Полска

Полското обвинителството води истрага против пратеникот Конрад Беркович од крајната десница, кој во парламентот покажа импровизирано израелско знаме со сина свастика наместо Давидовата ѕвезда и го обвини Израел дека е новиот Трет рајх.

63

Израел побара од Полска да преземе мерки против крајнодесничарски пратеник кој во парламентот истакна израелско знаме со свастика, а барањето предизвика остра реакција од Варшава.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека пратеникот Конрад Беркович има „сомнителна историја на јавна поддршка за нацизмот“.

„Историјата покажува до каде водат расизмот и антисемитизмот, што Полска добро го знае. За такво лице нема место во парламентот на демократска Полска. Очекуваме полските власти да реагираат решително и брзо“, се наведува во објавата на израелското МНР.

Портпарол на полското Министерство за надворешни работи одговори дека „пратениците ги избираат Полјаците, а не странските амбасади“.

Тој додаде дека претседателот на парламентот веќе изрекол парична казна за Беркович и му го намалил пратеничкиот додаток, додека обвинителството води истрага.

Минатата недела Беркович во парламентот покажа импровизирано израелско знаме со сина свастика наместо Давидовата ѕвезда.

Тој го обвини Израел за геноцид на Блискиот Исток и го спореди со нацистичка Германија, изјавувајќи: „Израел е новиот Трет рајх и неговото знаме треба да изгледа токму вака“.

ЖЕСТОКА КАВГА МЕЃУ ПОЛСКА И ИЗРАЕЛ ПО КРШЕЊЕТО НА СТАТУАТА НА ИСУС Сикороски го обвини ИДФ за воени злосторства, Саар му побара извинување за знамето со свастиката

Поврзани содржини