ЖЕСТОКА КАВГА МЕЃУ ПОЛСКА И ИЗРАЕЛ ПО КРШЕЊЕТО НА СТАТУАТА НА ИСУС Сикороски го обвини ИДФ за воени злосторства, Саар му побара извинување за знамето со свастиката

Војниците на ИДФ самите признаваат дека извршиле воени злосторства, напиша полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, а израелскиот колега Гидеон Саар му возврари дека ИДФ е професионална и етичка армија, а западните демократски армии учат од неа.

713

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски тврди дека израелските војници признаваат воени злосторства и дека убиле израелски заложници, што предизвика остра реакција од неговиот израелски колега Гидеон Саар. Дебатата на социјалните медиуми беше предизвикана откако резервист на Израелските одбранбени сили (ИДФ) објави фотографија на која уништува статуа на Исус во Либан.

Сикорски го коментираше инцидентот со уништената статуа на социјалната мрежа Икс.

„Добро е што министерот Саар брзо се извини, имаше за што да се извини. Тој војник треба да биде казнет, ​​но мора да се научат и лекции за методот на обука“, напиша Сикороски.

Потоа тој продолжи со посериозни обвинувања.

„Војниците на ИДФ самите признаваат дека извршиле воени злосторства. Тие убиле не само палестински цивили, туку и свои заложници“, додаде Сикорски.

 

 

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, ги отфрли тврдењата на Сикорски како „сериозни, неосновани и клеветнички изјави против ИДФ“.

„Она што го напишавте открива длабоко незнаење и голем недостаток на разбирање. Во секоја војна се случуваат оперативни несреќи во кои војниците се убиени од пријателски оган“, одговори Саар на Икс.

Сар ја бранеше израелската армија.

„Ниедна западна армија не се бори против тероризмот попрецизно и со подобра разузнавачка служба од ИДФ, со постојан напор да се минимизира штетата врз цивилите. Односот на жртвите меѓу терористите и цивилите е подобар отколку во која било друга западна армија. Всушност, подобар отколку во која било друга борбена армија во светот“,  напиша Саар.

ИДФ е професионална и етичка армија, западните демократски армии учат од ИДФ, додае тој.

Саар се осврна на настанот во полскиот парламент пред една недела, кога пратеникот од крајната десница Конрад Беркович покажа израелско знаме на кое Давидовата ѕвезда беше заменета со нацистичка свастика и го обвини Израел дека дека врши геноцид во Газа и е „новиот Трет рајх“.

„Предлагам, наместо да им држите предавања на другите за моралот, вие лично да го осудите срамниот антисемитски чин на кој бевме сведоци во полскиот парламент минатата недела“, му рече Саар на Сикорски.

Претседателот на Долниот дом на парламентот тогаш веднаш го осуди чинот на Беркович.

ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК СО ЧЕКАН ИСКРШИ СТАТУА ОД ИСУС ВО ЛИБАН Израелската армија вети дека ќе го казни

Поврзани содржини