📽️ ИЗРАЕЛСКИ ПРАТЕНИК СО ЧЕКАН ТРГНА НА СПОМЕНИК Војници стоеја до него, добија наредба да го спречат

Израелската армија соопшти дека посетата била одобрена, но не и оштетувањето на споменикот. Војниците што стоеле во близина потоа добиле наредба да ја прекинат посетата и да го отстранат пратеникот и неговите соработници од селото.

0

Израелскиот пратеник Зви Сукот со чекан удирал по палестински споменик во селото Мадама на Западниот Брег. Крајнодесничарскиот политичар бил придружуван од израелски војници, но неговата акција не била дел од одобрениот план.

Сукот, пратеник од партијата Религиозен ционизам, објавил и снимка од инцидентот. На неа се гледа како тој и неговите соработници со чекани го оштетуваат споменикот.






Израелската армија потврдила дека ја одобрила посетата на Сукот. Сепак, уривањето на споменикот не било одобрено. Армијата оценила дека групата постапила „измамнички и манипулативно“.

Војниците биле ангажирани да го обезбедуваат пратеникот при обиколката на палестинските села. На снимките се гледаат во непосредна близина додека Сукот удира по споменикот.

Според армијата, војниците ги известиле своите команданти кога почнало оштетувањето. Потоа добиле наредба да ја прекинат посетата и да ја отстранат групата од селото.

Споменикот останал исправен, но бил значително оштетен.

 

 

Сукот тврдел дека споменикот им бил посветен и на Палестинци вмешани во терористички напади врз Израелци. Тој претходно барал армијата да отстрани вакви споменици.

– Нема да дозволиме оние што им наштетиле на Евреите и на војниците на ИДФ да бидат славени како херои – порача Сукот.

Според израелските медиуми, на споменикот имало имиња на Палестинци загинати во различни периоди. Дел од нив биле поврзувани со вооружени организации и со напади врз Израелци.

Постапката на Сукот предизвика реакции и во Израел. Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопштил дека преземањето на законот во свои раце, особено од јавни функционери, е неприфатливо.

Поврзани содржини