ИЗЛЕТАЛ ОД КОЛОВОЗОТ КАЈ „СВ.ЕРАЗМО“ И СЕ ЗАБИЛ ВО СТОЛБ Две деца и 70-годишен маж со тешки повреди

Во автомобилот биле и две малолетни лица на возраст од 14 и 16 години, кои заедно со 70-годишниот возач се здобиле со тешки телесни повреди.

0

Тројца, меѓу кои и две малолетни лица, се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на автопатскиот правец Охрид – Подмоље, кај клучката „Св. Еразмо“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 16:20 часот, кога патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 70-годишниот С.М. од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб.






Во несреќата тешко се повредени возачот, како и две малолетни лица на возраст од 14 и 16 години, исто така од селото Подгорци.

Повредените биле пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи, а причините за излетувањето на возилото се утврдуваат.

Поврзани содржини