ИСТОРИСКОТО ВЕШТАЧЕЊЕ ЗА „ЛАСКАРЦИ“ ВОДИ ДО АКТИВИСТИ НА ДУИ Дали има намерно одолговлекување на предметот?
Директорот на Бирото за судско вештачење е претседател на ДУИ во Гостивар, а и вештакот што го работел супервештарчењето е симпатизер на истата партија, за што сведочат неговите фотографии на социјалните мрежи, открива Макфакс.
Валдет Џафери, директорот на Бирото за судско вештачење, во кое се работеше супервештачењето за „Ласкарци“, и вештакот Зеќирија Зеќири, кој го изработи вештачењето, ги поврзува партијата ДУИ, пишува агенцијата Макфакс во своја истражувачка сторија.
Директорот Валдет Џафери е претседател на разгранокот на ДУИ во Гостивар, а Зеќирија Зеќири е симпатизер на партијата, за што сведочат неговите фотографии на социјалните мрежи. Директорот Џафери е од Гостивар, каде што е и седиштето на фирмата „Дурмо турс“, чиј автобус излета кај Ласкарци, при што загинаа 16 лица. Бирото со кое раководи Џафери е одговорно што една година се чекаше супервештачењето за „Ласкарци“, а сега, кога тоа стаса, вештакот се разболел, но не доставил документација до судот.
НИКОЈ НЕ ВЕРУВА ДЕКА ВЕШТАКОТ Е БОЛЕН? Одложено судењето за „Ласкарци“, „ова е брука и срамота“