📽️ ИРАН СО НОВА ЗАКАНА КОН СЕМЕЈСТВОТО НА ТРАМП Во прилогот за Барон се споменува награда од 10 милиони долари
Иранската државна телевизија емитувала прилог насочен кон 20-годишниот син на Доналд Трамп, со снимки генерирани со вештачка интелигенција, наводни информации за неговото движење и тврдење за награда од 10 милиони долари. За сумата и наводните оперативни детали нема независна потврда.
Иранската државна телевизија емитувала нов вознемирувачки прилог насочен кон Барон Трамп, 20-годишниот син на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој се зборува за неговото секојдневие, движењето и начинот на кој комуницира со луѓето.
Во прилогот, според извештаите за емисијата, се појавуваат и тврдења дека за ликвидацијата на синот на американскиот претседател била понудена награда од 10 милиони долари. Не е потврдено дека станува збор за официјална награда или реална понуда, туку сумата е изнесена во самиот телевизиски прилог.
Во триминутната емисија биле прикажани и снимки генерирани со вештачка интелигенција, на кои Барон Трамп е прикажан во дрес на Арсенал и додека игра „Xbox“.
Прилогот се обидува да прикаже и каде Барон наводно се среќава со луѓе, вклучително и во Трамп кулата во Њујорк.
Според содржината емитувана на телевизијата, Барон има „сопствено дигитално засолниште“, а комуникацијата му била ограничена на разговори преку гејминг-конзола.
Во прилогот се тврди и дека одредени информации биле добиени од девојка која наводно успеала да разговара со Барон и да ги заобиколи безбедносните протоколи на американската Тајна служба. За овие тврдења, сепак, не се понудени независни докази.
🚨🇺🇸🇮🇷 Iran’s regime has placed a $10 million bounty on Barron Trump.
Following the release of an IRGC-linked video tracking Melania Trump, IRGC media and State TV channel 3 have now leaked confidential location and movement logs for Barron Trump, declaring him within striking… pic.twitter.com/H4Zk3flXum
— C14 News | EN (@c14english) August 23, 2026
Во прилогот е споменат и 19-годишниот Бо Лаудон, инфлуенсер поврзан со движењето „MAGA“ и близок пријател на Барон Трамп.
Нова закана по претходниот прилог за Меланија
Ова не е првпат ирански медиуми поврзани со властите во Техеран да објават содржина насочена кон семејството на Трамп.
Минатиот месец беше објавен прилог со наслов „Како да се убие Меланија Трамп“, во кој биле прикажани информации за движењето на првата дама на САД и места што ги посетува во Њујорк.
На крајот од тој прилог била упатена директна порака до Барон: „Ова е само почеток. Барон Трамп, те чекаме“.
Американската Тајна служба претходно потврди дека е запознаена со видеото насочено кон Меланија Трамп и дека ги истражува сите содржини што можат да се сфатат како закана кон лицата што ги штити.
Прилогот емитуван на медиуми поврзани со Револуционерната гарда
Според „Euronews“ и други извештаи, најновиот прилог бил емитуван на иранската државна телевизија, како и на медиуми поврзани со Иранската револуционерна гарда (IRGC).
Содржината користела графики, снимки и наводни информации за онлајн активностите и социјалните контакти на Барон. Според извештаите, во прилогот не биле презентирани докази дека постои конкретен план за напад врз него.
Новите закани се појавуваат во период на сериозно зголемени тензии меѓу САД и Иран.
Во саботата, Мохсен Резаи, шефот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, предупреди дека Иран би можел да ги прошири нападите и кон американски економски интереси доколку Вашингтон воведе нови санкции.
– Досега напаѓавме само воени бази, но ако сакаат да ни воведат економски санкции, САД имаат нафтени и економски компании во регионот и на други места и ние ќе ги нападнеме – изјави Резаи за иранската државна телевизија.
Резаи истовремено ги предупреди и другите држави да не се приклучуваат кон американската кампања за економски притисок врз Иран, наведувајќи дека оние што ќе учествуваат во санкциите би можеле да бидат сметани за непријатели.
Најновиот прилог за Барон Трамп дополнително ја зголемува загриженоста околу тоа што иранските медиуми објавуваат содржини насочени кон најблиското семејство на американскиот претседател.