ИРАН И ТУРЦИЈА ЌЕ ГРАДАТ СЛОБОДНА ТРГОВСКА ЗОНА Што ќе каже Трамп на овој потег на Ердоган?

Зоната ќе биде лоцирана во градот Хој, во северозападната иранска покраина Западен Азербејџан, во непосредна близина на стратешкиот граничен премин Рази.

0

Иран и Турција планираат да воспостават слободна трговска зона во западната иранска покраина Хој во непосредна близина на стратешкиот граничен премин Рази, потврди иранската новинска агенција ИРНА.

-Иран ги заврши потребните правни и административни чекори за воспоставување заедничка слободна трговска зона со Турција во Хој, северозападен Иран, и сега чека понатамошни активности од турска страна за да го унапреди и финализира проектот – изјави секретарот на Врховниот совет за слободни трговски зони на Иран, Хосеин Форузан за време на вчерашната посета на Хој.






Форузан рече дека  имплементацијата ќе продолжи според билатерален меморандум за разбирање.

Тој ја нагласи стратешката важност на граничниот премин Рази, опишувајќи го како главна рута за трговија меѓу Иран и Турција. Тој рече дека развојот на придружната инфраструктура во областа и воспоставувањето логистичка заднина се од суштинско значење за проширување на комерцијалната активност.

Зоната ќе биде лоцирана во градот Хој, во северозападната иранска покраина Западен Азербејџан, во непосредна близина на стратешкиот граничен премин Рази.

Официјалниот претставник рече дека предложената заедничка слободна зона ќе ги надополни постоечките економски капацитети во провинцијата Западен Азербејџан наместо да ги ослабне другите слободни зони.

Главната цел е сузбивање на шверцот со стоки, зголемување на легалниот транзит на производи и постигнување на долгорочната цел за 30 милијарди долари годишна трговска размена меѓу двете земји.

Поврзани содржини