📽 ЏИНОВСКИ ТОЛСТОЛОБИК ИЗВЛЕЧЕН ОД ЕЗЕРЦЕТО ВО ГРАДСКИ ПАРК Комуналците се фотографираа со рибата и ја вратија во вода

Вработените во ЈП „Комунална хигиена“, кои веќе неколку дена го празнат и го чистат езерцето, денеска го извлекоа големиот „толстолобик“ и привремено го свестија во кајак наполнет со вода.

7,912

Огромна риба од видот толстолобик денеска беше спасена од езерцето кај кафулето „Централ Парк“ во градскиот парк во Скопје.

Вработените во ЈП „Комунална хигиена“, кои веќе неколку дена го празнат и го чистат езерцето, денеска го извлекоа големиот толстолобик и привремено го свестија во кајак наполнет со вода.






Слатководната риба „бел толстолобик“ (Hypophthalmichthys molitrix) потекнува од Кина и кај нас може да се забележи во Охридско Езеро, Крушевско Езеро и во други акумулации.

Поврзани содржини