ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО СЕ НАМАЛИ ЗА 2% ВО МАЈ Раст бележи производството во енергетскиот сектор

Раст е забележан во секторот производство на компјутерска, електронска и оптичка опрема како и во производството на неметални минерални производи, производи од гума и во дрвната индустрија.

0

Индустриското производство во мај бележи годишен пад од 2%, објави Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, највисок пад на производството бележи секторот рударство од  3,6 %. Во   секторот преработувачка индустрија падот е од 2,6 %.






Спротивно на ова раст на производството од 6,1% бележи секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Намалувањето на производството во преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во прехранбениот сектор, текстилната, хемиската и фармацевтската индустрија како и во металната индустрија и производството на моторни возила и машини и уреди.

Раст е забележан во секторот производство на компјутерска, електронска и оптичка опрема како и во производството на неметални минерални производи, производи од гума и во дрвната индустрија.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи пораст кај Енергија за 6м5 % и Интермедијарни производи, освен енергија за
3,4 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3,3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,4 %.

Индустриското производство во периодот јануари – мај , во однос на период лани опаднало за 0,3%.

1. Индекси на индустриското производствомај 2026 (2025=100)
V 2026
V 2025
I-V 2026
I-V 2025
V 2026
Ø 2025
V 2026
Ø 2021
Вкупно 98.0 99.7 100.0 98.7
АЕ Енергија 106.5 97.3 74.1 66.9
АИ Интермедијарни производи, освен енергија 103.4 104.1 113.4 110.3
ББ Капитални производи 96.7 100.8 102.0 114.1
ЦД Трајни производи за широка потрошувачка 98.9 94.5 97.8 108.4
ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка 91.6 96.0 91.7 87.5
Б Рударство и вадење на камен 96.4 97.3 107.6 99.0
      05 Вадење на јаглен и лигнит 100.6 83.5 96.1 69.1
      07 Вадење на руди на метал 97.8 94.5 105.8 96.8
      08 Вадење на други руди и камен 94.3 106.7 113.8 112.2
В Преработувачка индустрија 97.4 100.0 101.6 101.9
      10 Производство на прехранбени производи 99.6 102.3 89.3 84.4
      11 Производство на пијалаци 87.3 108.9 80.1 84.7
      12 Производство на тутунски производи 98.3 125.0 135.3 80.2
      13 Производство на текстил 82.7 93.3 91.7 95.4
      14 Производство на облека 81.2 85.0 85.8 63.8
      15 Производство на кожа и слични производи од кожа 83.6 88.6 89.5 74.4
      16 Преработка на дрво и производи од
дрво и плута, освен мебел, производство
на предмети од слама и плетарски
материјал
96.3 105.4 100.8 132.5
      17 Производство на хартија и производи од
хартија
95.8 102.7 97.7 82.1
      18 Печатење и продукција на снимени
медиуми (записи)
91.0 83.3 93.0 91.3
      20 Производство на хемикалии и хемиски
производи
96.8 93.0 97.8 96.3
      21 Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати
94.0 89.6 93.8 128.4
      22 Производство на производи од гума и
производи од пластични маси
112.8 104.9 109.0 172.7
      23 Производство на други неметални
минерални производи
144.0 132.1 167.7 198.3
      24 Производство на метали 97.7 89.3 102.7 59.4
      25 Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема
90.7 98.8 129.8 62.8
      26 Производство на компјутерски,
електронски и оптички производи
141.3 130.8 98.8 63.3
      27 Производство на електрична опрема 92.2 98.2 96.1 111.5
      28 Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место
87.1 94.2 100.7 99.9
      29 Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки
97.7 101.0 101.5 126.0
      30 Производство на останата опрема за
транспорт
104.4 95.7 118.9 137.3
      31 Производство на мебел 116.0 102.5 100.4 117.7
      32 Останата производствена индустрија 82.8 72.6 123.9 82.3
      33 Поправка и инсталирање на машини и опрема 96.5 107.0 95.1 177.0
Г Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
106.1 99.6 70.5 66.4
      35 Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
106.1 99.6 70.5 66.4

 

Поврзани содржини