ИГРИ ЗА ПРЕСТОЛОТ ВО ЉУБЉАНА Голоб за малку ќе одлета, Јанша чека шанса – кој ќе ја води Словенија?

Суштината на кризата е дилемата дали Словенија ќе продолжи по сегашниот курс или ќе се сврти кон поцврста десничарска политика. Токму тука Јанез Јанша гледа шанса за политички камбек.

225

Политичката сцена во Љубљана влегува во турбулентна фаза, откако владината коалиција на премиерот Роберт Голоб почна да покажува сериозни пукнатини. Според повеќе регионални медиуми, преговорите меѓу партнерите стануваат сè потешки, а прашањето за стабилноста на владата повторно станува клучна тема.

Во центарот на кризата се несогласувањата околу реформите и распределбата на моќта, при што дел од коалициските партнери јавно изразуваат незадоволство од начинот на кој се носат одлуките. Ова ја ослабува позицијата на Голоб, кој се обидува да ја зачува коалицијата, но и да избегне предвремени избори кои би можеле да ја променат политичката мапа.

Во финишот на преговорите со коалициските партнери, позицијата на Роберт Голоб дополнително се разнишува, откако клучниот партнер – партијата Демократи – одлучи да се повлече од разговорите. Нејзиниот лидер Анже Логар јасно порача дека „од денеска конечно се прекинуваат преговорите“, со што практично му ја одзеде на Голоб шансата за стабилно мнозинство. Станува збор за партија со 6 пратеници, чија поддршка беше пресудна за формирање влада, а нивното дистанцирање доаѓа по проценката дека премиерот прерано прогласил политичка победа по изборите.

Овој развој на настаните веднаш беше искористен од опозицискиот лидер Јанез Јанша, кој направи паралела со политичката криза од 2011 година, кога обидот на Зоран Јанковиќ да формира влада пропадна, а токму Јанша на крајот ја презеде власта. Со оваа споредба, Јанша испраќа јасна порака дека истото сценарио може да се повтори – дека Голоб би можел да остане без коалиција, а десницата повторно да се врати на власт.

Сè уште не е докрај јасно дали коалициските партнери ќе најдат заеднички јазик или ќе дојде до целосен распад на бракот од интерес. Дел од аналитичарите сметаат дека сценариото со реконструкција на владата е сè уште можно, но времето за компромис брзо истекува.

Дополнителен притисок врз владата создава и јавноста, која сè погласно бара конкретни резултати, особено во економијата и социјалните политики. Во услови на растечки тензии, секој нов конфликт меѓу партнерите дополнително ја поткопива довербата.

Суштината на кризата е дилемата стои и дали Словенија ќе продолжи по сегашниот курс или ќе се сврти кон поцврста десничарска политика. Токму тука Јанша гледа своја шанса за политички камбек.

Следните денови ќе бидат клучни за исходот од овие „игри за престолот“ во Словенија.

Поврзани содржини