ФРАНЦУСКА АКТЕРКА ПОЧИНАЛА ПО ДРАМАТИЧЕН ИНЦИДЕНТ ВО БАЗЕН ЗА ПЛИВАЊЕ Имаше 57 години, срцето не издржа

Француската актерка Надија Фарес, позната по филмот „Пурпурни реки“, почина од срцев удар, во трагични околности.

779

Француската актерка Надија Фарес почина во петокот на 57-годишна возраст, неколку дена по драматичен инцидент во базен во Париз. Таа била пронајдена во бесознание додека пливала во приватен спортски клуб, по што веднаш била извлечена од водата и пренесена во болница.

Според достапните информации, трагедијата се случила на 11 април, кога актерката ненадејно изгубила свест и потонала под вода. Присутните во базенот реагирале брзо, започнале реанимација и повикале итна медицинска помош.

Надија Фарес потоа била хоспитализирана и ставена во вештачка кома, но и покрај напорите на лекарите, нејзината состојба не се подобрила. Таа починала на 17 април во париска болница, а како причина за смртта е наведен срцев удар.

Веста за нејзината смрт ја соопштија нејзините ќерки, кои во емотивна порака истакнаа дека изгубиле мајка, а филмскиот свет – препознатлива актерка. Нејзината смрт предизвика бројни реакции и изрази на сочувство од колеги и обожаватели.

Надија Фарес беше француска актерка родена во Маракеш, која кариерата ја изгради од 1990-тите години. Најпозната беше по улогата во филмот „Пурпурни реки“, а настапуваше и во повеќе европски и меѓународни продукции, вклучително и телевизиски серии.

Иако важеше за активна и витална личност, актерката во минатото имала сериозни здравствени проблеми, вклучително и операции на срцето. Токму тие состојби се споменуваат како можен фактор што довел до фаталниот срцев удар, кој ја прекина нејзината кариера.

 

Поврзани содржини