И ОВАА ГОДИНА, ДЕЛ ОД СВЕТСКАТА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО Предавањата и работилниците на dm привлекоа повеќе од 180 посетители
Поддршката на Светската недела на доењето е дел од континуираните активности на dm насочени кон едукација и поддршка на родителите.
Со предавања, интерактивни работилници и онлајн едукативни активности, успешно заврши овогодинешното одбележување на Светската недела на доењето, во чија реализација и оваа година се вклучи dm како поддржувач на иницијативите за едукација и поддршка на идните и сегашните родители. Во текот на тридневната програма со физичко присуство, организирана од „Бебелогија – Школа за трудници и доење“, „Доење со љубов“ и „Јуниор Мед“, учествуваа повеќе од 180 посетители, кои имаа можност да проследат стручни предавања и интерактивни работилници посветени на доењето, исхраната и раното родителство. Во рамки на настанот, dm беше присутен со свој штанд, каде посетителите имаа можност да се запознаат со производите од dm марките наменети за мајки и бебиња, а за сите присутни беа обезбедени и практични babylove подароци.
Покрај поддршката на настанот, dm во текот на Светската недела на доењето објави и ново едукативно видео во рамки на серијалот „Среќни мајки, задоволни бебиња“, реализирано во соработка со „Бебелогија“. Во видеото, Јасна Апостолски-Николов, меѓународно сертифициран консултант за лактација (IBCLC), споделува стручни совети за исхраната на доилките, внесот на течности и најчестите дилеми поврзани со исхраната во периодот на доењето.
View this post on Instagram
Поддршката на Светската недела на доењето е дел од континуираните активности на dm насочени кон едукација и поддршка на родителите. Во таа насока, веќе втора година по ред компанијата, заедно со здружението „Матрона“, го реализира и „Караванот на мајчинството“ – едукативна иницијатива наменета за идни и нови родители, која преку бесплатни онлајн содржини и настани со физичко присуство низ повеќе градови во земјата овозможува пристап до стручни информации и практични совети од педијатри, неонатолози, психолози и експерти за доење, нега и детска исхрана.
Со овие активности, dm продолжува да поддржува иницијативи што придонесуваат за едукација, информираност и поддршка на мајките, бебињата и нивните семејства, поттикнувајќи поголема грижа за здравјето и благосостојбата уште од најраните фази на родителството.