ХОРОР ВО ШВЕДСКА Две деца прво биле избодени, па фрлени од балкон
Полицијата соопшти дека децата биле избодени со нож во станот, а потоа фрлени од балконот. Жена и маж се уапсени под сомнение за убиство и обид за убиство, а двајцата се поврзани со децата.
Во неделата вечерта во Шведска се случило страшно злосторство во кое едно дете е повредено, а друго е убиено.
Станува збор за деца помлади од 10 години, кои во неделата вечерта биле пронајдени пред зграда во западниот дел на Стокхолм. Едно дете починало, а друго е тешко повредено и е во животна опасност, пишува Скај.
Полицијата соопшти дека децата биле избодени со нож во станот, а потоа фрлени од балконот. Жена и маж се уапсени под сомнение за убиство и обид за убиство, а двајцата се поврзани со децата.
Според информациите повреден е и еден од возрасните.
Полицијата добила повик од Хаселби во Стокхолм околу 21:45 часот по локално време. Случаен минувач ги нашол децата на земја пред зградата.