📽️ ХАЛАНД ТРГНА ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА АНГЛИЈА Интернетот „гори“ поради филмската најава за четвртфиналето

Спектакуларна анимација изработена со вештачка интелигенција ги претставува Ерлинг Халанд и норвешките репрезентативци како викиншка војска што го освојува Британскиот Остров, додека Англичаните се подготвуваат за големата четвртфинална пресметка.

0

Фудбалската еуфорија пред четвртфиналниот дуел на Светското првенство меѓу Англија и Норвешка достигнува врв, а социјалните мрежи ги преплави спектакуларно видео создадено со помош на вештачка интелигенција, во кое модерните Викинзи симболично го освојуваат Британскиот Остров.

Во видеото, норвешките фудбалски ѕвезди предводени од Ерлинг Халанд и Мартин Одегард се прикажани како викиншка војска која пристигнува на англиските брегови, додека Англија ја бранат Хари Кејн, Џордан Пикфорд, Џуд Белингем, легендарниот Дејвид Бекам, па дури и селекторот Томас Тухел, кој е претставен како крал.






Креативната најава за вечерашниот спектакл, кој започнува во 23 часот, за кратко време стана вистински хит на интернет. Видеото собра милионски прегледи, десетици илјади споделувања и бројни позитивни реакции од љубителите на фудбалот ширум светот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SCENLYX (@scenlyx)

Причината за огромниот интерес е и одличната форма на Норвешка на шампионатот, особено настапите на Ерлинг Халанд, кој е меѓу најголемите фаворити за најдобар стрелец на турнирот.

Без разлика дали ќе триумфираат „трите лава“ или „викинзите“, едно е сигурно – навивачите веќе добија спектакуларна увертира за натпреварот што го чека целиот фудбалски свет.

Покрај ова видео на социјалните мрежи се појавија и други слични видеа, кои ќе ги споделиме со вас.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AGON HISTORY (@agonhistory)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by God Ares A.I (@godaresai)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by İsmail Seval (@yapayzekaserisi)

Поврзани содржини