ГРИПОТ ЈА ГУБИ СИЛАТА, НО НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ Бројот на заболени бавно се намалува
Во однос на возрасната дистрибуција, 827 лица се на возраст од 15 до 64 години. Од случаите, 284 се деца на возраст од пет до 14 години. Над 65 години се 135 лица. Од заболените, 124 се деца на возраст до четири години.
Во текот на 11. недела од 2025 година, во државава пријавени се 1.370 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 41,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 11. недела од минатата сезона е зголемен за 5,4 пати. Во споредба со бројот за 11. недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 58,3 отсто, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Од 10 до 16 март, заболените се пријавени од 24 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 371, Тетово – 131, Битола – 110, Велес – 107, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто. Во текот на оваа недела, во две извештајни единици се регистрира многу ниска, во 12 – сезонска, во осум – средна, во една – висока и во Ресен – многу висока активност на вирусот на грип.
Во однос на возрасната дистрибуција, 827 лица се на возраст од 15 до 64 години. Од случаите, 284 се деца на возраст од пет до 14 години. Над 65 години се 135 лица. Од заболените, 124 се деца на возраст до четири години.
„Во сезоната 2024/2025, вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грип изнесува 23.661. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 68,3 проценти, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 21,3 отсто“, наведуваат од ИЈЗ.
Регистрирани се пет починати лица асоцирани со грип во досегашниот тек на сезоната на грипот. Починатите се од Скопје – тројца, по еден од Свети Николе и Радовиш. Четири случаи припаѓаат на возрасната група над 65 години, еден во групата од 15 до 64 години. Сите случаи биле починати во болнички услови, со коморбидитети, невакцинирани против грип.
Заклучно со 11. недела, во државава вакцинирани биле вкупно 72.294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.
„Сентинел надзорот се спроведува како дополнување на редовниот систем за надзор над грип и ковид-19 во Република Северна Македонија, со цел да се добијат подетални информации во однос на инциденца, интензитет, тип на вируси што циркулираат и за имплементација на навремени превентивни мерки. Сентинел САРИ (Сериозни акутни респираторни инфекции) надзорот се спроведува во шест надзорни болници, пет во Скопје (УК за инфективни болести и фебрилни состојби, УК за детски болести, УК за Пулмоалергологија, ГОБ „8 Септември“ и УК за респираторни заболувања кај деца – „Козле“) и една во Штип, КБ – Штип. Дефиницијата за случај на САРИ според што се спроведува надзорот е усогласена со дефиницијата на случај на СЗО од 2014 година. Кумулативно, од сентинел местата што учествуваат, пријавени се вкупно 998 САРИ случаи, од кои 20 лица се пријавени на интензивна нега. Најголем број на САРИ случаи се пријавени од надзорното место УК за детски болести. Во однос на возрасната дистрибуција, најголем број на САРИ случаи се пријавени од возрасната група до четири години. Кумулативно, вкупен број на приеми во сентинел местата е 5.728. Од сите приеми, 17,4 проценти се должат на САРИ. Најголемо оптоварување од 20,3 отсто се бележи кај возрасната група до четири години“, појаснуваат од ИЈЗ.
Во текот на сезоната 2024-2025 регистрирани се девет смртни случи, две лица од возрасната група од 30 до 64 години и седум лица од возрасната група над 65 години. Кај сите починати се регистрирани коморбидитети. Од вкупно починатите лица, кај четири лица е докажано присуство на вирусот на Influenza и тоа: кај две лица Influenza A(H3) и по едно лице Influenza A – нетипизирана, и Influenza A(H1)pdm09.