ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ НА ЛАЖНИ СМС-ПОРАКИ ЗА КАЗНИ ОД „СЕЈФ СИТИ“ Не оставајте лични податоци, проверете ја адресата на испраќачот

СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач „MVR-SC“, а во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, информира Министерството за внатрешни работи.

1

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи.

Како што објаснуваат од МВР, лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.

 






Фото: МВР

 

„Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали. Апелираме да ја проверат адресата на испраќачот, официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка. СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач „MVR-SC“. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат „https://safecountry.mvr.gov.mk…“, објаснуваат од МВР.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и презема мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

Поврзани содржини