ГО НАПАДНАЛ СО ТВРД ПРЕДМЕТ, СЕ СТЕПАЛ И СО ПОЛИЦАЈЦИТЕ Уапсен е 28-годишник во Ќерамидница

Потоа, Г.К. ги нападнал и полициските службеници кои дошле на местото на настанот и го оштетил службеното возило, по што од страна на полициските службеници е лишен од слобода, се вели во полицискиот билтен.

528

Скопјанецот А.Д.(23) во саботата пријавил дека бил нападнат со тврд предмет од 28-годишникот Г.К. во населбата Ќерамидница.

„Потоа, Г.К. ги нападнал и полициските службеници кои дошле на местото на настанот и го оштетил службеното возило, по што од страна на полициските службеници е лишен од слобода. При тоа, и А.М. физички ги нападнал полициските службеници, по што се дал во бегство“, се вели во полицискиот билтен.






Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани содржини