ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ Дентиногенезис имперфекта

Главни манифестации на дентиногенезис имперфекта се обезбојување на коронката – опалесцентна боја на заби од килибар, жолта, кафеава, виолетова, па дури до сино проѕирна со четвртасти или ѕвонести коронки, кои многу брзо се абрадираат до ниво на гингива.

246

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по седми пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воопшто се пристапни и достапни лековите?…

ДЕНТИНОГЕНЕЗИС ИМПЕРФЕКТА/ DENTINOGENESIS IMPERFECTA






MKБ-10 К00.5

Преваленца -дентиногенезис имперфекта е ретка аномалија на забите, се јавува 1-5/ 10 000 население.

Инциденца – инциденца на појавување на дентиногенезис имперфекта е 1 : 8 000.

Дентиногенезис имперфекта претставува хередитарна аномалија на структурата на забите со најизразени промени на дентинот. Се јавува и во млечна и во трајна дентиција. Оваа аномалија се вика дентиногенезис имперфекта кога е придружена со остеогенезис имперфекта, а кога е самостојна како хередитарен опалесцентен дентин.

Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини