ГЕРМАНЦИТЕ ПЛАЌААТ НАЈСКАПА СТРУЈА, ШВЕЃАНИТЕ НАЈСКАП ГАС Каде во ЕУ цените на енергенсите се најниски?

Податоците покажуваат и големи разлики во даночниот товар. Во Данска, речиси половина од конечната цена на електричната енергија доаѓа од даноци и давачки, додека во Холандија, Ирска и Луксембург државните субвенции беа толку големи што имаа негативен ефект врз конечната цена за домаќинствата.

1

Домаќинствата во Германија платиле највисока цена за електрична енергија во Европската Унија во текот на првата половина од 2025 година, додека природниот гас бил најскап во Шведска, објави Евростат.

Најниските цени се забележани во Унгарија (10 евра за 100 kWh), Малта (12 евра) и Бугарија (13 евра).






За деловните потрошувачи, највисоката цена на електричната енергија е регистрирана во Ирска, додека најниската е регистрирана во Финска.

Податоците покажуваат и големи разлики во даночниот товар. Во Данска, речиси половина од конечната цена на електричната енергија доаѓа од даноци и давачки, додека во Холандија, Ирска и Луксембург државните субвенции беа толку големи што имаа негативен ефект врз конечната цена за домаќинствата.

Кога станува збор за природниот гас, домаќинствата во Шведска платиле највисока цена во Европската Унија – 21 евро за 100 киловат-часови, пред Холандија (16 евра) и Данска (13 евра), додека најниските цени се забележани во Унгарија (3 евра), Хрватска (5евра) и Романија (6 евра).

За деловните корисници, природниот гас бил најскап во Шведска, додека најниски цени биле забележани во Бугарија, Грција, Белгија, Шпанија, Хрватска, Литванија и Португалија.

Поврзани содржини