ГЕРАСИМОВСКИ ДОБИВА ВИСОКА ПАРТИСКА ФУНКЦИЈА Филипче го номинира за нов потпретседател

Лидерот на СДСМ оцени дека вториот градоначалнички мандат на Герасимовски е доказ за довербата што ја има кај граѓаните и најави дека ќе го предложи за потпретседател на партијата.

0

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека ќе го предложи Горан Герасимовски за нов потпретседател на партијата.

Информацијата Филипче ја објави на социјалните мрежи, истакнувајќи дека Герасимовски со својата работа и освоениот втор градоначалнички мандат ја оправдал довербата на граѓаните.






„Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на Општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат“, напиша Филипче.

Тој додаде дека очекува Герасимовски да придонесе за натамошното зајакнување на партијата.

„Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ“, порача Филипче.

Поврзани содржини