ДУРОВ ВЕЛИ ДЕКА „БАГЕТИ“ МЕШАЛЕ ПРСТИ ВО ИЗБОРИТЕ ВО РОМАНИЈА Му барале помош, газдата на Телеграм одбил?
Не можете да ја 'браните демократијата' со уништување на демократијата. Не можете да се 'борите против мешањето во изборите' со мешање во изборите, напиша 40-годишниот Русин, кој е под истрага во Франција од август за серија прекршоци на организиран криминал.
Основачот на Телеграм Павел Дуров вели дека одбил барање на Франција неговата социјална мрежа „да ги замолчи конзервативните гласови во Романија пред почетокот на вториот круг од претседателските избори“.
Дуров вели дека Франција е таа која пробала да се меша во изборите. Во освојата објава тој наместо Франција стави сликичка од француски леб багет и велејќи „погодете кој“.
„Целосно одбив. Телеграм нема да ги ограничи слободите на романските корисници, ниту ќе ги блокира нивните политички канали“, напиша 40-годишниот Русин, кој е под истрага во Франција од август за серија прекршоци на организиран криминал.
Подоцна Дуров се јави со уште еден твит:
„Не можете да ја ‘браните демократијата’ со уништување на демократијата. Не можете да се ‘борите против мешањето во изборите’ со мешање во изборите. Или имате слобода на говор и фер избори – или немате. А романскиот народ ги заслужува и двете“.

Франција реагираше и ги осуди, како што вели француското Министерство за надворешни работи, „целосно неоснованите обвинувања“ на Дуров.
„Франција категорично ги отфрла овие обвинувања и ги повикува сите да се однесуваат одговорно и да ја почитуваат романската демократија. Овие обвинувања против Франција не се ништо повеќе од тактика за одвлекување на вниманието пред реалните закани за мешање насочени кон Романија. Франција ги повикува сите романски политички актери да се однесуваат одговорно и да ја бранат демократијата, додаде француската дипломатија“.
Никушар Дан, проевропскиот градоначалник на Букурешт, победи на повторените претседателски избори во Романија. Тој освои 54% од гласовите, додека неговиот ултрадесничарски ривал Ѓорѓе Симион, кој беше фаворит, обезбеди околу 46% проценти од гласовите.
Победата на Дан се толкува како јасна поддршка на граѓаните за проевропската ориентација и одбивање на екстремниот национализам. По прпогласувањето на победата, поддржувачите на Дан скандираа: „Русија, не заборавај, Романија не е твоја“.
Претседателските избори во Романија во 2025 година беа обележани со политички тензии и обвинувања за странски вмешувања. Првата рунда на изборите беше поништена од Уставниот суд поради наводно руско влијание во корист на кандидатот Калин Георгеску.
Во втората рунда, Никушор Дан се соочи со ултранационалистот Симион, кој ја предводи партијата АУР. Изборите беа дополнително комплицирани со обвинувања за руска кампања на дезинформации преку социјалните мрежи, особено на Телеграм.