ФАТЕН Е ВОЗАЧОТ КОЈ УДРИ ПЕШАК И ПОБЕГНА Несреќата се случила во Охрид

169

Синоќа во 22.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата Гоце Делчев во Охрид, патничко возило удрил во пешакот Е.С.(59) од Охрид и го напуштило местото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Пешакот бил пренесен во болницата ‘Св.Еразмо’ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило ‘фолксфаген ап’ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид. По извршено алкотестирање, кај возачот и кај пешакот не е утврдено присуство на алкохол во организмот. По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во реакцијата.

Поврзани содржини