ЕВН И ТАВ ПОСТАВИЈА ПОЛНАЧИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА НА СКОПСКИОТ И НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ Компаниите ја промовираат еколошката свест

Новопоставените станици за полнење на електрични возила кои работат на наизменична и еднонасочна струја се стратешки лоцирани на паркинзите на двата аеродрома и можат истовремено да полнат до осум електрични возила – шест на аеродромот во Скопје и две на охридскиот, соопштија двете компании.

531

ЕВН Македонија во партнерство со ТАВ Македонија воведуваат четири станици за полнење за електрични возила на аеродромите во Скопје и во Охрид. Компаниите во заедничко соопштение велат дека новата услуга е „во согласност со стратегиите за одржливост и посветеноста кон квалитетот на живот на корисниците“ и ќе биде „дополнителна погодност“.

„Новопоставените станици за полнење на електрични возила кои работат на наизменична и еднонасочна струја се стратешки лоцирани на паркинзите на двата аеродрома и можат истовремено да полнат до осум електрични возила – шест на аеродромот во Скопје и две на охридскиот“, се вели во соопштението.






Волфганг Маиер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија изјави:

 – Како прва компанија што воспостави национална инфраструктура за полнење електрични возила, продолжуваме да ги интензивираме нашите напори за проширување на мрежата за брзо полнење преку силни партнерства со бизнисите и локалните заедници. Нашата соработка со ТАВ Македонија ни овозможува дополнително да ја поддржиме мобилноста на сопствениците на електрични возила, што е дел од нашата долгорочна стратегија. Покрај обезбедувањето на преку 100 точки за полнење во 18 различни градови низ земјата, се фокусираме и на поставување брзи полначи долж клучните патнички коридори што возачите ги користат за национални и за меѓународни патувања.

Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија вели дека ТАВ Аеродроми се возбудени од новата услуга и можност за полнење е-возила на аеродромите.

– Оваа иницијатива на ТАВ Аеродроми обезбедува брзо полнење на зголемениот број корисници на е-возила им овозможува да ги надополнат своите е-возила и се усогласува со нашата посветеност и основната корпоративна вредност – одговорноста. Сепак, оваа предност за корисниците на аеродромите е уште еден доказ за нашите постојани напори да промовираме одржливи практики на аеродромите каде што работиме. Она што е исто така важно за нас е тоа што подобрувањата како ова го збогатуваат искуството на патниците и корисниците додека патуваат низ нашите аеродроми или при пречекување или испраќање со нивните пријатели и членови на семејството.

ТАВ Македонија и ЕВН Македонија порачуваат дека нивните тимови соработувале на овој проект за да „придонесат кон пошироката мисија за промовирање на еколошката свесност“:

„Покрај еколошките придобивки, воведувањето станици за полнење електрични возила ја нагласува посветеноста на двете компании кон иновации, задоволството на корисниците и унапредувањето на корпоративната општествена одговорност за да обезбедат одржлива иднина“.

Поврзани содржини
na