Заразата со коронавирусот насекаде покажува слабости, а понекогаш ги покажува и лошите страни на луѓето. Но, од друга страна, има случаи кога некои луѓе покажуваат несекојдневна солидарност. На оваа фотографија, објавена на Твитер, а снимена во Софија, се гледа соопштение што го напишал некој човек, во кое на сите свои повозрасни соседи им нуди помош – да им купува артикли и лекови, да го фрла ѓубрето наместо нив и слично. Убав пример што треба да се следи.
Можеби ќе ве интересира