ЕВАКУИРАН ИСТ ГЕЈТ МОЛ Се слушнале аларми, но не е дојава за бомба!?

Во моментов нема официјални информации за причините за евакуацијата иако се слушнале аларми, јави Курир.мк.

470

Посетителите на скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“ (East Gate Mall) денеска, недела, биле повикани мирно и без паника да го напуштат објектот, поради евакуација што била спроведена во трговскиот центар.

Од МВР за Курир.мк информираа дека причината за евакуцијата не е дојава за бомба.






– Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар, велат од Министерството.

Во моментов нема официјални информации за причините за евакуацијата иако се слушнале аларми.

Пред околу четири недели беа регистрирани дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт мол“ и „Дајмонд мол“ (Diamond Mall), кои подоцна се покажаа како лажни.

Поврзани содржини