ЕП 2028 СО ИСТИ ЦЕНИ Нема поскапување на билетите, одлучи УЕФА

УЕФА ќе ги задржи цените на билетите за Европското првенство 2028 на исто ниво како и на турнирот во Германија во 2024 година.

128

УЕФА не планира да ги зголеми цените на билетите за Европско првенство во фудбал 2028.

Според информациите, билетите во најприфатливите категории ќе останат на исто ниво како и за Европско првенство во фудбал 2024, кое се одржа во Германија.






Навивачките категории „Fans First“ и „Category 3“ повторно ќе бидат најдостапни, со цени од 30 и 60 евра. Со ова, европската фудбалска централа сака да ги задржи билетите достапни за што поголем број љубители на фудбалот.

Следниот шампионат ќе се игра од 9 јуни до 9 јули 2028 година, а домаќини ќе бидат Англија, Шкотска, Велс и Ирска.

Поврзани содржини