ЕКСПЕРТИ ЗА ИЗГОРЕНИЦИ ЌЕ ДОЈДАТ ОД ИЗРАЕЛ Конзилиум ќе решава дали има потреба од лекување во странство

Бидејќи станува збор за опекотини што може да се комплицираат, наредните денови конзилиумот на доктори сметаше дека е добро да се направи место во Скопје за сите пациенти, а најкритичните да се испратат во странство. Тоа што прво тргна оттука од Клинички центар, се 3 пациенти за болницата „Папаниколау“ во Солун. Голема благодарност и на дипломатите и на лекарите кои овозможија без транспорт, подвлече директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клекоски.

527

Конзилиум работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката, се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и Штип во Скопје и од Скопје на други места за да бидат згрижени сите на највисоко можно ниво. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клекоски. Тој информираше дека ќе дојдат и странски експерти за изгореници, меѓу кои и од Израел, а имале понуди за помош и од центри за изгореници од Холандија, Италија и Белгија.

– Бидејќи станува збор за опекотини што може да се комплицираат, наредните денови конзилиумот на доктори сметаше дека е добро да се направи место во Скопје за сите пациенти, а најкритичните да се испратат во странство. Тоа што прво тргна оттука од Клинички центар, се 3 пациенти за болницата „Папаниколау“ во Солун. Голема благодарност и на дипломатите и на лекарите кои овозможија без транспорт – подвлече Клекоски.






Пристигнал и авионот од Бугарија, за таму имало 8 пациенти, 5 покритични и 3 помалку критични. Со 2 српски возила за брза помош, кои биле дојдени во Стара градска, ќе биле пренесени пациенти во Ниш. Од Белград требало да пристигнат 3 возила и авион од Турција, за исто така да пренесат пациенти.

Во „Аџибадем Систина“ имало еден пациент, во „Жан Митрев“ 3, на сопствено барање од пациентите. Двете болници ги дале петте возила со интензивна нега на располагање, за транспорт на пациентите.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, истакна дека повредените пациенти се згрижени, во стабилна и релативно добра состојба, надвор од животна опасност, на Хируршки клиники во моментов имало 25 пациенти, по 24 во Градска хирургија и болницата „8 Септември“, 31 во Штип и 13 во Кочани, или вкупно 117 пациенти. Во меѓувреме, 13 пациенти биле испратени надвор од државата на лекување, за евентуално да нема компликации во тие случаи.

13 КРИТИЧНИ ПАЦИЕНТИ СЕ ИСПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО Вкупниот број на хоспитализирани е 117

Таравари јавно им се заблагодари на повеќето министри за здравство од регионот и подалеку, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Унгарија, Турција  и други. По неколку од пациентите ќе биле лекувани  во Грција, Бугарија, Турција, Србија.

– Се надевам дека нема да има дополнителни компликации во здравјето на тие што ја преживеаја оваа трагична ситуација – нагласи Таравари.

На новинарско прашање, тој појасни дека критични биле околу 20 пациенти.

– Се потрудивме да ги однесеме откако ни се понудија во здравствени установи во Солун, Белград, Турција, Софија. Досега 13 се испратени. Другите остануваат тука. Му се заблагодарувам на целиот медицински персонал за солидарноста – нагласи министерот.

Таравари рече дека будно се следи состојбата и навремено и соодветно  се реагирало, здравствени работници и лекови имало доволно. Реално, не очекувале дополнителни компликации. Околу 4 лица се лекувале во приватни установи, на сопствено барање.

Министерот потврди дека и до него имало прашања од загрижени, кои сѐ уште не знаеле што се случило со нивни блиски.

– Телата што не се  идентификувани, тоа е веќе работа на Министерството на внатрешни работи – одговори тој.

Поврзани содржини