ЕКСКУРЗИЈАТА ВО ИРАН ТРАЕ САМО 6 НЕДЕЛИ Трамп го спореди конфликтот со војните во Виетнам, Авганистан…
Шефот на САД на својата социјална мрежа објави графикон со кој конфликтот со Иран го споредува со Авганистан и Виетнам. Американскиот претседател тврди дека „екскурзијата на Иран“ траела 6 недели.
Претседателот на САД Доналд Трамп повторно ја разбранува јавноста со објава на социјалната мрежа Truth Social. Во графиконот наречен „Времетраење на војните“ конфликтот со Иран е опишан како кратка „екскурзија“.
„Леле. Проучете го овој графикон!“, напиша Трамп.
6 недели или повеќе од 9?
Во графиконот Трамп тврди дека „екскурзијата на Иран“ траела само 6 недели. Но конфликтот почна на 28 февруари, што значи дека до денес поминале повеќе од 9 недели.
Иако моментално има кревко примирје, американските сили и понатаму се во борбена готовност околу Иран.
„Брзо влегување, брзо излегување“
Трамп со месеци се обидува конфликтот да го претстави како брза и успешна операција.
На неодамнешен митинг во Пенсилванија тој изјави дека не станувало збор за војна, туку за „брзо влегување и излегување за да се исчисти нередот“.
Ормуз и натаму под блокада
И покрај пораките на Трамп, тензиите во регионот остануваат високи.
Ормускиот Теснец и натаму е под силен притисок, а поморската блокада продолжува да влијае врз светската трговија.
Некои аналитичари велат дека Трамп е под притисок и поради претстојните избори за Конгресот во САД наречени и меѓуизбори бидејќи се одржуваат на половина од претседателскиот мандат.