ЕДНА ОД ВРАТИТЕ НА ДИСКОТЕКАТА БИЛА ЗАБАРИКАДИРАНА СО СТИРОПОР Сопственикот ја затворил со катанец
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој беше присутен на местото на настанот, за порталот ММС ги демантираше шпекулациите дека полицајци ја заклучиле спорната врата поради рација.
Една од вратите во кочанската дискотека „Пулс“ каде што се случи трагедијата била заклучена и забарикадирана. Според очевидци, доколку оваа врата била отворена, би се овозможило побрзо спасување на луѓето.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој беше присутен на местото на настанот, за порталот ММС ги демантираше шпекулациите дека полицајци ја заклучиле спорната врата поради рација.
– Не е точно дека полицајците ја затвориле вратата. Вратата била заклучена од сопственикот, којзнае од кога, и на неа имало катанец. Од надвор, дополнително, била поставена и стиропорна изолација. Се работи за секундарна врата која била забарикадирана од порано. Ова е голема трагедија која тешко може да се опише со зборови – изјави Ангелов за ММС.