ЕДИНСТВЕНИОТ ДИПЛОМИРАН ОЏАЧАР КАЈ НАС Е – ОЏАЧАРКА „Загадениот воздух и пожарите се последица на нечисти оџаци и горење сè и сешто“

Јасмина Атанасова – Симјаноска е професорка во ГУЦ „Здравко Цветковски“, архитектка и оџачар-мајстор, единствениот едуциран и дипломиран оџачар во државава. Сепак, не очекувајте дека ако ја викнете, ќе дојде да ви го исчисти оџакот, не затоа што незнае, напротив, држи обуки за оџачари, ама покрај нејзините примарни професии, за такво нешто едноставно нема време. Но бидете сигурни дека ќе ви прати одлично обучен оџачар. За мирен сон препорачува чистење на оџаците двапати годишно, а за почист воздух, наместо со сè и сешто, грејте се со огревни дрва.

600

Нашата соговорничка Јасмина Атанасова-Симјаноска е дел од новото издание на „Арс Ламина“ – книгата за деца и млади „Се викам храброст“.

Станува збор за книга која содржи 50 инспиративни приказни за македонски хероини од нашето минато и сегашност, кои со својот дух, упорност и истрајност успеале да се афирмираат како силни женски личности кои го посветиле или пак го дале својот живот за повисоки цели и за исполнување на нивните сништа.






Тука се инспиративните животни приказни за ликови како Сирма Војвода, Невена Георгиева-Дуња, Вера Јоциќ,  до ликови како Атина Бојаџи, Милка Ефтимова, Бисера Чадловска, Ема Ананиевска, нашата соговорничка Јасмина Атанасова-Симјаноска и други.

Со Јасмина се сретнавме во училиштето ГУЦ „Здравко Цветковски“ кадешто таа предава стручни предмети за архитекти и дизајнери.

Иако е професор со полно работно време, таа работи и како архитектка со долгогодишно искуство во проектирање, ревизија и надзор. Покрај сите нејзини ангажмани, интереси и патишта кои од родното Кочани ја одвеле прво во Скопје, а потоа и во Шри Ланка, па назад во Скопје, она што за нас и за повеќето луѓе е посебно интересно, е  тоа дека во меѓувреме, односно, од пред десетина години, таа е и оџачарка. И тоа, единствен дипломиран оџачар во Македонија.

Во просторијата во ГУЦ кадешто разговаравме, Јасмина нè пречека со оние стари добри бонбончиња „Негро“ (кои ви го чистат грлото како оџачар – оџакот) и со нејзиниот заштитен знак, капа со симболот на асоцијацијата на европски оџачари.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини