НЕ СОРАБОТУВААТ? ЌЕ НАПРАВИМЕ ШТО МОРА Трамп вели дека санкциите за Иран можат да се вратат

САД привремено ги укинаа санкциите кон Иран по првите разговори за траен мировен договор. Вашингтон и Техеран се согласиле во рок од 60 дена да се обидат да постигнат конечен договор.

21

„Ќе направиме што мора ако Иран не се држи до својата страна од договорот“.

Вака изјави претседателот на САД Доналд Трамп предупредувајќи дека договорот мора да се почитува од двете страни.






САД и укинаа санкциите кои со горини го притискаа Иран на 60 дена, додека Вашингтон и Техеран се обидуваат да постигнат траен договор по средбите во Швајцарија.

САД дозволија до 21 август Иран повторно да продава нафта и сродни производи и да добива плаќања за нив. Одлуката претставува прв чекор од пакетот економски олеснувања предвидени со привремениот договор.

Пат кон траен договор

Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави дека разговорите поставиле добра основа за конечен договор, иако Техеран негира дека преговарал за својата нуклеарна програма.

„Поставивме многу добра основа за успешен конечен договор“, изјави Венс.

Според медијаторите, двете страни се согласиле во рок од 60 дена да изработат рамка за траен договор.

Ормускиот Теснец повторно во фокусот

Договорен бил и механизам за безбеден премин на комерцијалните бродови низ Ормускиот Теснец, еден од најважните светски енергетски коридори.

Сообраќајот на танкери низ теснецот веќе почнал да расте, додека Оман ја потврдил поддршката за слободна и безбедна пловидба.

Паралелно со разговорите за Иран, договорено било и продолжување на затишјето во Либан. Израел, кој не е дел од мировниот договор меѓу Вашингтон и Техеран, се согласил на нов прекин на огнот во јужен Либан.

Пазарите го следат развојот

Војната меѓу Израел и Иран предизвика силни потреси на светските пазари и раст на цените на нафтата. По најавата за договорот и за намалување на тензиите, цените на суровата нафта почнале да се стабилизираат.

Во наредните два месеца вниманието ќе биде насочено кон тоа дали привремениот договор ќе прерасне во трајно решение за една од најголемите кризи на Блискиот Исток.

Поврзани содржини