ДРАМА НА ПОПОВА ШАПКА Нелегално превезувале туристи, па со ратрак удриле вработен во паркот
Без лиценца превезувале туристи на Попова Шапка, а при обид да бидат спречени упатиле закани и удриле вработен
Двајца мажи заработија кривична пријава откако со ратрак превезувале туристи на Попова Шапка без дозвола, а ситуацијата ескалирала кога се обиделе да ги спречат вработени од Националниот парк.
Како што информира МВР во дневниот Билтен, 41-годишен скопјанец и 54-годишен жител на тетовското село Брвеница организирале превоз на туристи, иако немале лиценца ниту договор со надлежните.
Кога вработени од паркот се обиделе да ги запрат, наместо да се повлечат – тие упатиле закани.
Ситуацијата дополнително се влошила кога едниот од нив, управувајќи ратрак, се обидел да ги оттурне службените лица, при што со механичката корпа удрил еден од вработените.
По случајот реагирала полицијата, а против двајцата е поднесена кривична пријава за спречување службено лице во вршење должност.