ДОСЕГА НАД 2.800 ПРИЈАВИ ЗА ГРАНТОВИТЕ ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ Ако има потреба ќе се продолжи рокот за пријавување

Ако не може сите да аплицираат поради метеж на шалтерите, а има интерес, може да го продолжиме рокот за пријавување за уште една недела, рече Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши при посетата на тетовскиот центар за вработување.

142

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска го посети Центарот за вработување во Тетово за да разговара со раководството и со вработените со цел да се најде решение за големиот метеж при пријавувањето за мерките за самовработување со грант и претприемништво. Посетата доаѓа по вчерашната медиумска објава дека граѓаните се жалат на безредие и чекање по повеќе часови во ходниците и скалите на тетовскиот центар за вработување.

– Ниту еден граѓанин што сака да аплицира, нема да остане без таа можност. До крајот на неделата ќе може да се аплицира. Исто така, ако не може сите да аплицираат, а има интерес, може да го продолжиме рокот за уште една недела. Во комуникација сум со директорот на Агенција за вработување на централно ниво и со раководителот на локално ниво. Зборував со нив за да ги зголемат капацитетите, да може да аплицираат сите граѓани. Ако е потребно да работат и повеќе часови, односно, може да работат после 16 часот – рече министерот Дурмиши.






Директорот на Центарот за вработување Тетово, Нехат Османи смета дека повеќе ќе нема долго чекање за пријавување.

– Како што се гледа денеска капацитетот на администрација е зголемен, има малку редови, ама и тие ќе поминат. Тие што работат овде се вклучени. Сме имале и некој проблем, конекциите, интернетот, па има и некои други детали. Немаме и толку многу компјутери за пристап. Оваа година пристапот е малку поразличен, поради прашалникот. Мислам од утре натаму и нема да ги видите овие гужви – изјави Османи.

Министерот Дурмиши информмира дека низ цела Македонија досега се пријавиле над 2.800 граѓани, а има предвидени средства за 2.045 луѓе. Мерките за самовработување овозможуваат неповратна финансиска поддршка од 5.000 до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис. Мерката „Самовработвање-Претприемништво“ е поделена на 3 мерки и тоа за лица до 29 години грант од 10.000 евра, за лица над 29 години до 7.000 евра, а за здружување во ДОО грант од 14.000 до 20.000 евра.

ДО 10.000 ЕВРА ЗА ОТВОРАЊЕ СОПСТВЕН БИЗНИС Повиците за мерката „самовработување“ се активни до 3 јули

Поврзани содржини