ДОНЕСЕН Е ЗАКОНОТ ЗА НОВОТО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ОД 260 МИЛИОНИ ЕВРА Со парите ќе се финансираат капитални проекти
Заемот ќе се повлече во една транша согласно роковите и условите утврдени во Договорот, а рокот за отплата е 7 години, на девет еднакви полугодишни рати, со вклучен грејс-период од 3 години.
Со 65 гласови „за“, 14 против и ниту еден воздржан Собранието денеска го донесе законот за задолжување за општи буџетски потреби во износ од 260 милиони евра. Заемот ќе се користи за финансирање на капиталните инфраструктурни проекти и за враќање на старите долгови, меѓу кои и еврообврзницата од 700 милиони евра, земена во 2020 година.
Каматата ќе биде варијабилна, пресметана врз основа на шестмесечниот ЕУРИБОР зголемен за 2,1%. Македонија ќе се задолжи кај КфВ ИПЕКС банк ГмбХ, Банко Билбао Визкаја Аргентарија, Ерсте гроуп бханк АГ, АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ и Мерил Линч интернатионал.
Заемот ќе се повлече во една транша согласно роковите и условите утврдени во Договорот, а рокот за отплата е 7 години, на девет еднакви полугодишни рати, со вклучен грејс-период од 3 години.
Македонија ќе им плати на заемодавачите еднократна провизија во износ од 1,4% од износот на заемот, а на агентот на заемодавачите ќе му плаќа 12.500 евра провизија годишно.
Опозициските пратеници кои беа против овој Закон, оцени дека заемот е доказ за фискалната исцрпеност на државата и за буџет што се потешко ја одржува сопствената ликвидност, а пратениците од владејачката коалиција им порачаа дека немаат кредибилитет да зборуваат за задолжување зашто додека биле на власт ја задолжиле Македонија колку сите влади претходно.