ДОКАЗОТ – ЛИЦЕНЦА ЗА „ПУЛС“ ОД 2012 ГОДИНА Е ОСНОВА ЗА РЕВИЗИЈА НА ОБВИНЕНИЕТО Од што се бранат министрите ако лиценцата е за објект на друга локација?

Обвинителството презентираше доказ, издадена лиценца во 2012 година со важност од една година, за сосема друг објект на друга локација, кој нема никаква врска со предметниот објект каде што се случи ужасната трагедија, основано се поставува прашањето за основаноста на теоријата на случај за „верижната“ институционална одговорност и за поврзаност на министри од 2012 година со трагедија во 2025 година, пишува адвокатот Владимир Туфегџиќ.

6

Изведениот доказ на Јавното обвинителство, лиценцата за дискотеката „Пулс“ во Кочани од 2012 година, треба да биде основа за ревидирање на обвинението, штом се однесува на друг објект, а не на оној каде што се случи катастрофалниот пожар во 2025 година, објави познатиот адвокат Владимир Туфегџиќ.

„Ако на судењето во предметот „Пулс“ Обвинителството презентираше доказ, издадена лиценца во 2012 година со важност од една година, за сосема друг објект на друга локација, кој нема никаква врска со предметниот објект каде што се случи ужасната трагедија, основано се поставува прашањето за основаноста на теоријата на случај за „верижната“ институционална одговорност и за поврзаност на министри од 2012 година со трагедија во 2025 година. Денешните докази на Обвинителството треба да бидат основа за ревидирање на дел од обвинението и ова се наметнува како нужна потреба, токму заради утврдувањето на вистината, степенот на вина и одговорноста“, објави Туфегџиќ на својот профил на Фејсбук.






Во коментари под објавата Туфегџиќ пипува дека е најпроблематично што Обвинителството ги изведува истите докази што ги предлага и одбраната.

„И ако овие докази се неспорни и за Обвинителството и за одбраната, се поставува прашањето, од што се бранат министрите од 2012 година, од какво обвинение, кои дејствија на извршување им се ставаат на товар со овие докази во насока на „верижна“ институционална одговорност и како друг особен придонес во извршувањето на кривичното дело“, прашува адвокатот.

Тој додава и дека не е убеден дека на државниот јавен обвинител Ненад Савески во оваа смисла му се предочени и презентирани сите релевантни факти врз основа на кои се темели сегашната теорија за „верижната“ одговорност или друг особен придонес.

За пожарот во кој загинаа 63 лица, а 222 беа повредени им се суди на 35 физички и на 3 правни лица, за дејствија што ги орезеле или не ги орезеле од 2012 гоина до денот на трагедијата, а сите се обвинети за Тешки дела против општата сигурност.

📷 ЛИЦЕНЦАТА ОД 2012 ГОДИНА НЕ БИЛА ЗА „ПУЛС“ Одбраната тврди дека документот важел за друг локал

Поврзани содржини