🎥 ДОБИ ЧАСОВНИК СО ДИЈАМАНТ ОД МИЛИОН ЕВРА, ОКО НЕ МУ ТРЕПНА За венчавката со Георгина, Роналдо доби вреден подарок од Џејкоб Арабо
Роналдо и Jacob & соработуваат повеќе од две децении, а португалскиот фудбалер е еден од амбасадорите на овој луксузен бренд со години.
Кристијано Роналдо за неговата венчавка со Геoргина Родригез, одржана на 11 август 2026 година, на приватна церемонија во Каскаис, си доби и исклучително вреден подарок, луксузен часовник Jacob & Co Twin Turbo Furious Baguette, чија вредност надминува еден милион евра.
Часовникот е направен од 18-каратно бело злато и украсен со дури 362 бели дијаманти. На куќиштето има 344 дијаманти, додека уште 18 се вградени во копчата. Вкупната тежина на скапоцените камења е речиси 20 карати.
Подарокот лично му го подари основачот на компанијата, Џејкоб Арабо, кој сподели фотографија со фудбалската ѕвезда на Инстаграм со пораката: „Две икони. Уникатен момент“.
View this post on Instagram
Механизмот на овој ексклузивен часовник не заостанува зад својот изглед. Моделот е напојуван од механичкиот механизам JCFM05 со дури 832 делови, а има триосен турбилон, монопушерски хронограф и покажувач инспириран од светот на автомобилизмот. Часовникот е дел од ограничена серија и се смета за една од најсложените креации на брендот Jacob & Co.
Роналдо и Jacob & Co соработуваат повеќе од две децении, а португалскиот фудбалер е еден од амбасадорите на овој луксузен бренд со години. Според медиумите, вклучувајќи го и „heute.at“, овој ексклузивен часовник е еден од највредните и најлуксузните подароци што Роналдо ги добил досега. Сепак, кога човек веќе има сѐ, изгледа дека заборава да им се радува на подароците, дури и ако се толку скапи како овој. Барем така изгледа на видеото кое го објави Арабо. Роналдо пристојно слуша додека овој му објаснува сѐ што треба за часовникот, а потоа и дозволува да му го стави на раката, но останува впечатокот дека во него нема ниту делче од онаа радост која ваков подарок би ја предизвикал кај некој обичен човек.