ДО ПЕТОК НEСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ДОЖД, ГРМЕЖИ И ВЕТЕР Температурите значително ќе опаднат

УХМР препорачува во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

566

До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР.

Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.






Во Скопје, до петок ќе биде променливо облачно, повремено нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

УХМР препорачува во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Поврзани содржини