ДИМИТРИЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА СДСМ Е ДРУШТВО ВО СТЕЧАЈ Го координираат од Струмица, а ликвидатор е Венко Филипче

Лидерот на ЗНАМ рече дека СДСМ, наместо секојдневно да пласира политички спинови и измислени конструкции, треба конечно да се соочи со сопствените политики поради кои ја изгуби довербата на граѓаните, оценувајќи дека денешното раководство ја доведе партијата до состојба на политички стечај.

1

По новите обвинувања од СДСМ, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во изјави дека  Раководството на СДСМ повторно се обидува сопствените политички неуспеси и загубената доверба кај граѓаните да ги претстави како проблем на другите партии, изјави претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, откако СДСМ оцени дека „европската приказна на ЗНАМ е чиста смејурија“.

– Раководството на таа некогаш државотворна партија, која денес е сведена на ниво на ликвидација, во континуитет сопствените грешки ги бара во туѓите редови. Колку тоа ЗНАМ се распаѓа, најдобро гледаат медиумите и граѓаните на трибините што ги организираме низ Македонија, каде салите се премали да ги примат сите заинтересирани граѓани – изјави Димитриевски.






Тој истакна дека СДСМ, наместо секојдневно да пласира политички спинови и измислени конструкции, треба конечно да се соочи со сопствените политики поради кои ја изгуби довербата на граѓаните, оценувајќи дека денешното раководство ја доведе партијата до состојба на политички стечај.

– За нив можам да кажам само едно – тоа е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче“- истакна Димитриевски.

Димитриевски потенцираше дека најсилниот одговор на ваквите напади е сè поголемата поддршка што Движењето ја добива на средбите со граѓаните низ целата држава.

-Ние нема да се занимаваме со спинови и измислици. Ќе продолжиме да разговараме со граѓаните, да нудиме решенија и да работиме за европска Македонија со силни институции, национално достоинство и одговорна политика – заклучи Димитриевски.

Поврзани содржини