ДЕВЕР ЈА ТУРНАЛ СНААТА СО БЕБЕ ВО РАЦЕ, ЖЕНИ НАПАДНАТИ ОД СОПРУЗИ Приведено едно лице во пријавените 7 случаи за насилство

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, а по нивното документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави против сторителите.

0

Во последните 24 часа полицијата регистрирала седум случаи на семејно насилство низ државата, при што едно лице е лишено од слобода, а со две лица е извршен службен разговор.

Најсериозниот случај е регистриран во кумановско село, каде што полициски службеници од СВР Куманово го привеле 72-годишниот С.В., откако бил пријавен дека во семејната куќа се однесувал агресивно и упатувал закани кон својата 66-годишна поранешна сопруга.






Во Скопје, 57-годишна жена пријавила дека во објект на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од својот сопруг Е.К.

Во друг случај во главниот град, полициски службеници извршиле службен разговор со М.П. (19) и С.П. (42), откако биле пријавени дека физички нападнале и упатувале закани кон 19-годишна жена, сопруга на М.П. и снаа на С.П.

Во Центар, 42-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 50-годишен сопруг, иако веќе не живееле заедно.

Полицијата постапува и по случај во скопското село Ласкарци, каде што по семејна расправија брат на пријавителот ја турнал неговата сопруга додека во раце држела седуммесечно бебе. Детето паднало на земја, а надлежните ги утврдуваат околностите под кои се случил инцидентот.

Во струмичко село, 32-годишна жена пријавила дека нејзиниот невенчан сопруг физички ја нападнал, при што употребил и тврд предмет.

Случај на семејно насилство е регистриран и во Штип, каде што 47-годишна жена пријавила дека била физички нападната од својот брат.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, а по нивното документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави против сторителите.

Поврзани содржини