📽️ ДЕСЕТКАТНИЦА ВО ПЛАМЕН, ИМА МРТВИ И ПОВРЕДЕНИ Пожар зафати зграда во Антверпен, жители бегаа низ прозорци

Неколку лица го загубија животот, а повеќе се повредени во голем пожар што утринава зафати станбена зграда во Антверпен, при што над 200 жители беа евакуирани во драматична спасувачка операција.

0

Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени во пожар што утринава избувна во станбена десеткатна зграда во белгискиот град Антверпен, соопшти локалната полиција. Зградата била целосно евакуирана, а на терен интервенирале повеќе противпожарни служби, пренесува Ројтерс.

Според официјалните информации, пожарот бил пријавен во 9:53 часот во населбата Линкероевер. Огнот избувнал на осмиот кат од зградата во која живеат повеќе од 200 лица, што дополнително ја усложнило евакуацијата.






Жителите биле принудени да се справуваат со густ чад и паника, а дел од нив не можеле да го напуштат својот стан навреме.

 

Еден од жителите, Герт Деволф, за белгиската јавна телевизија изјави дека ситуацијата била исклучително тешка и дека биле заробени во станот поради чадот.

– Се забарикадиравме во станот и чекавме на балконот. Пожарникарите пристигнаа околу десет минути подоцна и нè евакуираа со помош на скали – изјави Деволф.

На местото на настанот веднаш биле испратени неколку противпожарни единици од различни делови на градот. Полицијата издаде и итно предупредување до жителите во околината погодени од чадот, со апел да ги затворат прозорците и вратите и, доколку е потребно, да ги исклучат системите за вентилација.

Истрагата за причините за пожарот е во тек.

Поврзани содржини