ДАЛИ БЕБЕТО МОЖЕ ДА ЛИЧИ НА СУРОГАТ МАЈКАТА? Еве што е важно и од кого ја наследува генетиката

Одговори на најчесто поставуваните прашања за сурогат мајчинството – што наследува бебето од сурогат мајката, на кого личи, дали се поврзани…

240

За сурогат мајчинството сè почесто се зборува, но сè уште има многу непознати и заблуди во кои некои веруваат поради незнаење.

Една од работите што многумина ги интересира е дали сурогат-мајката е во сродство со детето, а одговорот на тоа прашање зависи од типот на сурогат мајчинството – главната работа е чии јајце клетки се користат.






Во традиционалното сурогат мајчинство, кое денес многу ретко се користи, сурогат мајката е во сродство со бебето бидејќи нејзините јајце клетки се користат во комбинација со спремата од донор или од таткото и потоа се развива во нејзината утроба. Бидејќи нејзините јајце клетки се користат за создавање на ембрионот, таа е генетски поврзана со бебето.
Гестациското сурогат мајчинство е различно и почесто денес, а во овој случај сурогат мајката не е во сродство со бебето. Ембрионот се создава преку ин витро оплодување со помош на јајце клетки и сперма од донор или од родителите на идното бебе, а потоа ембрионот се всадува во матката на сурогат мајката која ќе ја носи бременоста.

Во оваа смисла, бебето родено преку сурогат мајка е генетски поврзано со онаа чии јајце клетки и со оној чии сперматозоиди биле искористени за создавање на ембрионот, пишува surrogate.com.

Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини