ДА НЕ БЕА ГАНГСТЕРИТЕ, ЌЕ ПИЕВМЕ РАСИПАНО МЛЕКО?! Поради Ал Капоне се означува рокот на траење на млечните производи, вели легендата

Според легендата, најозлогласениот американски гангстер, познатиот Ал Капоне, е директно одговорен за воведувањето рокови на пакувањето на млеко и млечни производи.

723

Според легендата, најозлогласениот американски гангстер, познатиот Ал Капоне, ја прекинал продажбата на расипано млеко во Америка, пишува Би-Би-Си.

Никогаш не е утврдено дали тоа е 100% сигурен факт, но приказната вреди да се раскаже.






Имено, според легендата, Ал Капоне е директно одговорен за воведувањето рокови на пакувањето на млеко и млечни производи.

Приказната вели дека тој водел кампања за датумите на истекување на млекото да бидат јасно испечатени на сите шишиња, наводно бидејќи една од неговите млади братучетки сериозно се разболела откако испила млеко што се расипало без таа да знае.

Друга теорија, поврзана со вмешаноста на Капоне во печатењето датуми на истекување на рокот на млекото, е далеку помалку алтруистичка.

Имено, тој ја контролирал целата опрема што можела да го испечати датумот на истекување на секое шише и бил поставен да си обезбеди „пристоен и фер“ профит од целиот бизнис доколку се развие.

Познато е дека славниот гангстер веќе имал прилично импресивна платформа за флаширање алкохол, поставена во време на прохибицијата (1920-1933) кога алкохолот бил забранет во САД, додека неговиот мафијашки клан ја „пополнувал дупката на пазарот“ со точење алкохолни пијалаци.

Бидејќи на прохибицијата ѝ се ближел крајот, на Ал Капоне му требала одржлива и активна работа за да ја задржи активна платформата за полнење шишиња.

Поврзани содржини