ДА ГИ СКИНАМ ЛИСТОВИТЕ ОД РОТКВИЦИТЕ ДА НЕ ВИ ПРЕЧАТ? Не, не ги пипајте, полни се со витамини
Ако досега ги фрлавте листовите од ротквици и притоа секогаш имавте грижа на совест дека можеби сте можеле некако да ги искористите пред да пожолтат, еве идеја како да ги консумирате. Листовите се многу здрави, хранливи и полни со витамини.
Со доаѓањето на пролетта пазарите стануваат се побогати со омилените црвени ротквици. Тие доаѓаат во мали снопови заедно со нивните зелени листови, кои за жал повеќето луѓе ги фрлаат при чистењето.
Често и пазарџиите знаат да прашаат: Да ви ги скинам листовите да не пречат?
Придобивките од овие пролетни намирници се исклучително големи. Ротквиците се богати со витамин Ц, витамини од групата Б, фосфор и цинк и благотворно делуваат и на нашата кожа и коса, правејќи ја мека и мазна.
Одлични се за луѓе кои страдаат од запек, бидејќи влакната од ротквицата ја поттикнуваат работата на цревата. Листовите од ротквицата се особено богати со железо, па затоа се советува да ги консумираат анемични лица.