ДА ЈА ЗАПРЕМЕ ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА НА ДЕТСКИТЕ ЖИВОТИ! Данска ги забранува мобилните телефони во училиштата и ја повикува ЕУ да го следи нејзиниот пример

„Стоп за дигитализацијата на животот на децата“, е пораката од данските власти кои воведуваат сеопфатна забрана за користење на мобилни телефони во училиштата и го повикуваат остатокот од Европа да го стори истото за доброто на децата и младите.

134

Данската комисија за заштита на децата спроведе истражување и заклучи дека децата под 13 години воопшто не треба да поседуваат мобилни телефони или таблети и препорача владата да воведе национална забрана за користење на мобилни телефони во сите основни училишта во земјата. Надлежните го прифатија предлогот, а мобилните телефони наскоро целосно ќе бидат отстранети од образовните институции – децата повеќе нема да смеат да ги користат за време на часови, паузи или воннаставни активности.

Зони без мобилни телефони






„Отстранувањето на мобилните телефони од училиштата им дава одмор на младите од онлајн-животот, учејќи ги како да бидат дел од аналогните заедници и да го тренираат своето внимание“, вели шефот на комисијата, Расмус Мајер, во изјава за Гардијан.

Тој ги повика и сите други европски земји да го следат нивниот пример и напомена дека би било добра идеја да се воведе забрана за мобилни телефони во училиштата на ниво на Европската унија. „Ако за пет години одлучиме дека е подобро со мобилните телефони, можеме да ги вратиме, но мислам дека тоа нема да биде така.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини