📽️ ЧИТАЧКА НА УСНИ ГО „ДЕШИФРИРАШЕ“ РАЗГОВОРОТ МЕЃУ ТРАМП И МЕЛАНИЈА Дали се скараа поради асистентката на Трамп?

Читачка на усни понудила своја верзија на напнатиот разговор меѓу Доналд и Меланија Трамп. Снимката се појави во време на зголемен медиумски интерес за односот на претседателот со 35-годишната асистентка Натали Харп.

798

Претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп биле снимени во навидум напнат разговор за време на трката „Фридом 250 Гран при“. Снимката се појавила во време на зголемен медиумски интерес за односот на Трамп со неговата 35-годишна асистентка Натали Харп.

Првата дама разговарала со сопругот со видливо незадоволен израз. Во еден момент го погледнала, ја фрлила косата наназад и ја свртела главата.






Читачката на усни Никола Хиклинг за британски „Метро“ понудила своја интерпретација на разговорот.

 

Според неа, Меланија најпрво наводно рекла „Тоа е приватна и важна порака“.

Трамп потоа наводно прашал:

– Дали е тоа доволно?

– Не знам – одговорила Меланија.

– Тогаш морам да ја видам – наводно рекол Трамп.

Според интерпретацијата на Хиклинг, разговорот потоа станал уште понапнат.

– Доналд, слушај ме, си одам – наводно рекла Меланија.

Трамп потоа наводно спомнал трето женско лице.

– Слушај, таа те замоли да не ја затвораш вратата.

Кога Меланија прашала зошто, Трамп наводно одговорил:

– Тоа се лоши вести, но ова е незгодно време, Меланија.

Првата дама ја опишала ситуацијата како „луда“. Трамп потоа наводно рекол:

– Преку глава ми е од неа.

Според читачката на усни, разговорот завршил со зборовите на Меланија:

– Очигледно ќе ја видам утре наутро и ќе разговарам со неа.

Дали Трамп и Меланија зборуваат за асистенката на Трамп, Натали? За блискоста на Трамп и Натали претходно пишуваше „Њујорк тајмс“.

Темата повторно доби внимание откако демократскиот сенатор Џон Ософ ја спомна Харп на предизборен митинг. Тој рекол дека Трамп „не сака да си ја работи работата“, туку гради балска сала и патува со Натали.

Медиумите претходно пишуваа и дека Натали во лични пораки го нарекувала Трамп свој „чувар и заштитник во овој живот“.

Поврзани содржини