📷 ЦЕЛОСНО ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРААТ УЛИЦАТА РЕЧИШТЕ И НЕЈЗИНИТЕ КРАЦИ Голем инфраструктурен зафат во Драчево

Конечно создаваме инфраструктура каква што доликува за квалитетно секојдневие на сите наши сограѓани – изјави градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска.

74

Почнаа градежните активности за комплетна реконструкција на улицата „Речиште” во Драчево, заедно со нејзините споредни краци, капитален проект, кој опфаќа вкупна должина од 3,4 километри, кој обезбедува долгорочно решение и сигурна и современа патна инфраструктура за жителите од овој дел на општината, соопшти Општина Кисела Вода,

– Денеска започнуваме со темелна промена и модернизација на ликот на улицата “Речиште” во Драчево. Со овој голем чекор, сите краци и главната улица целосно се обновуваат и модернизираат, со што конечно создаваме инфраструктура каква што доликува за квалитетно секојдневие на сите наши сограѓани – изјави градоначалничката Бети Конечно создаваме инфраструктура каква што доликува за квалитетно секојдневие на сите наши сограѓани – изјави градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска која денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи.






Таа рече дека најпрво ќе се започне со уредување и асфалтирање на споредните краци, по што следува финална реконструкција на главната улица. Градоначалничката информираше дека парите за овој проект се обезбедени преку договорот со Министерството за транспорт, во рамки на втората фаза од проектите поддржани од Владата.

Улицата Речиште и нејзините краци во селото Драчево се наоѓа во близина на реката Мала Рада и при секој поголем дожд се поплавува, а водата често навлегува во куќите, заедно со отпадните води од канализациите. Чести се поплаките и за уличното осветлување на оваа улица и на нејзините краци.

Поврзани содржини