ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА КИСНЕ НА ИНТЕРНЕТ Речиси девет од десет граѓани разменуваат пораки, најкористени се „Viber“, „WhatsApp“ и „Messenger“

Податоците на Државниот завод за статистика за првите три месеци од 2026 година покажуваат дека 93,7 проценти од населението на возраст од 15 до 74 години користело интернет, а 81,2 процент купувале стоки или услуги онлајн во последните 12 месеци.

0

Во првото тримесечје од 2026 година, 93,7 проценти од населението во земјава на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за користењето на информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во домаќинствата и од поединците.

Во истиот период, 91,2 процент од домаќинствата имале пристап до интернет од дома.






Интернетот неколкупати во текот на денот го користеле 81,2 процент од населението. Истиот процент од населението во последните 12 месеци нарачувал или купувал стоки и услуги преку интернет.

Меѓу активностите поврзани со користењето на ИКТ, најзастапени биле телефонирањето преку интернет и видеоповиците, кои ги користеле 93,5 проценти од населението. Во оваа категорија спаѓаат повиците преку веб-камера и користењето апликации како „Skype“, „FaceTime“, „Messenger“, „WhatsApp“, „Viber“ и „Snapchat“.

Размената на пораки била уште една широко распространета активност, со учество од 88,4 проценти. За комуникација најчесто се користеле апликациите „Skype, Messenger“, „WhatsApp“ и „Viber“.

Поврзани содржини