БУГАРИТЕ ОДБЕГНУВААТ СРЕДБА ЗА ПРУГАТА И НЕ ОДГОВАРААТ НА ДОПИСИ Николоски вели дека е очигледно која страна не сака да гради

Зборови се вакви провокативни изјави од бугарска страна, а дела се дека Софија-Перник нема да се реконструира, затоа што парите ги тргнаа и ќе ги вложуваат во Софија-Бургас, а Македонија во моментов е единствена земја која што гради железница на Kоридорот 8. Ниту Албанија гради, ниту Бугарија гради. Ние во моментов пуштивме во функција во јануари еден дел од пругата, сега го градиме вториот дел. Бугарија не гради ништо, Албанија не гради ништо, вели вицепремиерот и министер за транспорт.

516

„Преку 15 дописи доставивме до бугарската страна и немаме одговор. Очигледно е дека Бугарија не сака да ја гради пругата, иако шпекулираат. Самото тоа што одбегнуваат да се сретнеме, многу говори за судбината на проектот“.

Вака изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “360 степени”.






Тој со јасен став дека Македонија е со цврста заложба за доизградба на пруга на коридор 8, но очигледно е дека Бугарија не сака да гради, бидејќи покажа несериозност со повиците за средби и фактот дека го откажаа проектот за реконструкција на пругата Софија-Перник.

– Решението на проблемот е многу едноставно, ако сакаме да го решиме проблемот. Очигледно е дека Бугарија не сака да гради. Јас сега слушам шпекулации зошто е тоа така, но не сакам да се служам со шпекулации од причина што јас би бил несериозен. Фер е да се видиме и да ни кажат. Значи повторувам, ако бугарската страна сака да гради пруга, пруга ќе има и ќе се изгради. Што се дела, што се зборови? Зборови се вакви провокативни изјави од бугарска страна, а дела се дека Софија-Перник нема да се реконструира, затоа што парите ги тргнаа и ќе ги вложуваат во Софија-Бургас, а Македонија во моментов е единствена земја која што гради железница на Kоридорот 8. Ниту Албанија гради, ниту Бугарија гради. Ние во моментов пуштивме во функција во јануари еден дел од пругата, сега го градиме вториот дел. Бугарија не гради ништо, Албанија не гради ништо. За жал, јас велам за жал, затоа што во наш интерес е тоа да се заврши. Со сета почит до луѓето од Крива Паланка, нас не ни треба пруга од Скопје до Крива Паланка, еве пуштивме експресен пат во одлична кондиција е, се стигнува релативно брзо сега до Скопје. Нас ни треба пруга до Софија и до Црното Море, која што за жал во моментов ја нема- истакна вицепремиерот.

Тој најави и дека Македонија сама ќе инвестира во брза пруга од Табановце до Гевгелија. Изградбата на овој проект ќе чини околу две милијарди евра, а поврат на инвестицијата се очекува за 10-12 години, најави министерот за транспорт Александар Николоски во интервју за „360 степени“.Тој вели дека изградабата на пругата ќе биде инвестиција на државата, односно дека таа нема да оди под концесија или јавно-приватно партнерство.

– Очекувам во 2031 година веќе да ја имаме. Ако Македонија превезува 327.000 тони роба по километар до 2032 година, како што е предвидено со Реформската агенда од Планот за раст на ЕУ, кога тоа ќе го помножите со бројот на километри што ги има на Коридорот 10 и со едно евро по тон, ЕУ наплаќа две евра по тон. Ние да одиме по едно евро од тон, со 50% помалку за да бидеме поконкурентни од Бугарија – ем поевтини, ем пократко затоа што Бугарија е 330 километри плус – во тој случај, минималната сума што би влегувала во Македонија би била 120 милиони евра годишно – вели Николоски.

Сепак, се согласува Николоски, ќе биде голем предизвик да се најдат пари за изградбата.

– Ние ќе се обидеме да најдеме најевтини пари, односно пари коишто може да се најдат по најдобри каматни услови и, многу важно, да можеме да ги обезбедиме сите. Едно е да барате од Европска инвестициска банка или од Европска банка за обнова и развој 100 милиони евра кредит, друго е да барате две милијарди. Прашањето е дали воопшто тие можат да стигнат до таа бројка да ви ја обезбедат – вели Николоски.

Вицепремиерот вели дека владата работи на нови инвестиции во инфраструктурата, туризмот здравството и во енергетиката.

– Имаме силен инвестициски циклус кој доаѓа во рамки на буџетот. Тоа се проектите на коридор 8 и 10 д што ги работиме со Бехтел и Енка. Тука се проектите во Железница каде пуштивме една фаза, втората ја работиме и ако се договориме со Бугарија ќе ја работиме и третата фаза. Тука е автопатот Кичево- Охрид каде што очекувам крај на јуни, почетокот на јули да ги пуштиме првите 40 км, а в година да го завршиме и тоа е едниот дел. Вториот дел е дека работиме на еден инвестициски циклус од 500 милиони евра до една милијарда евра кои што ќе одат директно во патишта преку комбинирано финансирање. И третиот дел е она што се случи во Обединетите Арапски Емирати и не е тајна дека посетата беше главно заради претставување на можностите за инвестиции и привлекување на финансиски средства. Тука има и еден политички момент со визното ослободување. Но економијата беше основната цел и јавноста треба да е свесна дека со војната во Украина и трговската војна меѓу ЕУ и САД, европските пари стануваат скапи. Не е исто со каква каматна стапка ќе ги добиете кредитите и дали е таа фиксна или променлива- истакна Николоски.

Поврзани содржини