БУГАРИЈА МОЖЕ ДА ПРИМИ УШТЕ 10 ПАЦИЕНТИ ОД КОЧАНИ Претседателот Радев се потпиша во книгата на жалост

Оваа трагедија покажа дека луѓето од двете страни на границата можат да се потпрат еден на друг не само во деновите на судењето, туку и за нашата заедничка европска иднина, рече Радев.

191

Претседателот на Бугарија Румен Радев изрази сочувство до роднините и пријателите на загинатите во пожарот во Кочани. Тој и бугарската потпретседатека Илијана Јотов се потпишаа во книгата на жалост во македонската амбасада во Софија.

– Бугарија и Северна Македонија тагуваат за младите загинати во пожарот во Кочани. Општа е нашата болка за загубата на невини животи и нашата надеж за брзо закрепнување на повредените – рече тој.






Радев рече дека Бугарија може да прими уште 10 пациенти на лекување во бугарските болници и дека нивниот медицински тим и воениот авион „Спартан“ се подготвени во секој момент да ги транспортираат повредените.

– Бугарија е подготвена и ќе продолжи да помага за сè што е потребно. Во моментов чекаме македонската страна да одлучи дали има потреба од преземање на уште 10 жртви од трагедијата. Екипите се во готовност, ќе пружиме помош – рече Радев.

Тој им се заблагодари на бугарските медицински тимови и воениот персонал за брзата реакција и професионалноста во транспортот на повредените и пружањето на специјализирана медицинска помош.

– Оваа трагедија покажа дека луѓето од двете страни на границата можат да се потпрат еден на друг не само во деновите на судењето, туку и за нашата заедничка европска иднина – рече Радев.

Денеска е Бугарија е Ден на национална жалост во спомен на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Животот го загубија 59 лица, над 155 се повредени.

Поврзани содржини