„БРЕНА МОРА ДА ОСТАНЕ НА СИТЕ“ Човекот што го создаде феноменот „Ајде да се сакаме“ откри како почнала магијата

Сценаристот Јован Марковиќ откри како настанал филмот „Ајде да се сакаме“ и зошто Лепа Брена морала да остане недопирлив симбол за милиони обожаватели.

0

Кога Јован Марковиќ тргнал на турнеја со тимот на Лепа Брена, немал поим дека учествува во создавањето на еден од најголемите поп-културни феномени во Југославија. Денес открива зошто од самиот почеток одбивал да ѝ пишува љубовни приказни.

Лепа Брена била толку популарна што војниците ги лепеле нејзините фотографии во дрвените воени куфери. Токму таа слика го убедила сценаристот Јован Марковиќ дека идолот на милиони не смее да биде претворен во обична филмска хероина.






Марковиќ, сценарист и продуцент на трилогијата „Ајде да се сакаме“, на Филмскиот фестивал во Сопот раскажа како настанал еден од најгледаните филмски проекти во поранешна Југославија.

„Немав поим која е Брена“

Сценаристот призна дека на почетокот речиси ништо не знаел за тогашната музичка ѕвезда.

– Првпат слушнав за неа кога ми се јавија луѓе од нејзиниот тим. Одам на турнеја со нив еден или два месеца за да набљудувам што се случува. Секоја вечер седнувавме и фантазиравме за приказни, заплети и романси – раскажа Марковиќ.

Но по разговорите со менаџерот Рака Ѓокиќ, сфатил дека филмот мора да тргне во поинаква насока.

– Слушај, нема љубовни приказни, ништо такво. Таа мора да биде недопирлива. Тоа беше суштината на развојот на филмот – објасни сценаристот.

„Брена на сите“ 

Марковиќ вели дека токму обожавањето што го предизвикувала Брена ја одредило целата концепција на филмот.

– Тогаш војниците носеа дрвени куфери и секој од нив имаше залепена нејзина слика внатре. Таа едноставно беше на сите и моравме да ја заштитиме низ филмот за да остане на сите – рече тој.

Според него, Брена не смеела да добие класична љубовна приказна бидејќи тоа ќе ја нарушело мистиката што ја опкружувала.

1,2 милиони гледачи во кината 

Трилогијата „Ајде да се сакаме“ прерасна во вистински југословенски феномен. Освен музиката, филмовите служеле и како туристичка разгледница на тогашна Југославија.

Првиот дел бил снимен во Далмација и во Херцеговина, со сцени од Дубровник и од Мостар. Вториот дел најмногу се снимал на Јадранот.

Токму вториот филм постигнал рекордна гледаност од повеќе од 1,2 милиони гледачи во кината низ поранешна Југославија. Продадени биле и околу 80.000 видеокасети.

Бата, Гидра и актерската елита

Посебна тежина на филмовите им дале најголемите актерски имиња од тогашната југословенска сцена.

Покрај Лепа Брена, во трилогијата настапија Бата Живојиновиќ, Драгомир Бојаниќ Гидра, Мима Караџиќ, Светислав Буле Гончиќ, Милан Штрљиќ, Боро Стјепановиќ, Радмила Савиќевиќ, Богдан Диклиќ и Јелисавета Сека Саблиќ.

Третиот филм ја однесе приказната и надвор од Југославија. Дел од сцените биле снимани во Најроби, а заплетот бил изграден околу лажна вест дека Брена се мажи за богат Австралијанец.

Поврзани содржини